Убиец на генерали  

Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Ја зголемува шансата противничкиот Генерал да биде убиен ако победите во битката. Ниво 1: +5% шанса; Ниво 2: +10% шанса; Ниво 3: +20% шанса; Ниво 4: +30% шанса; Ниво 5: +50% шанса

Универзитет  

Симбол на знаење и просветлување, заедно соВоениот универзитет и Академијата на науките. Универзитетот е достапен само во престолнината и е градбата каде што се истражуваат сите економски истражувања. Неговите нивоа го намалуваат времето потребно за истражување за 0.5 пати по ниво од основното време, а цената за 0.02 по ниво. Ниво 20 дозволува изградба на Академија на науките.

Управник на воена станица  

Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Го зголемува лимитот на единици, коишто можат да се распоредат во Воена станица. Ниво 1: +2% лимит; Ниво 2: +4% лимит; Ниво 3: +6% лимит; Ниво 4: +10% лимит; Ниво 5: +15% лимит

Управувања  

Модул што им дозволува на играчите да избираат помеѓу 4 различни вида управувања за своите империи.

- Секое управување носи позитивни и негативни модификатори што влијаат на различни аспекти од играта
- Насочени се кон различни стилови на игра - офанзивни, дефанзивни итн.
- Управувањата може да се сменуваат, но тоа привремено ќе ја постави империјата во преоден период, наречен Анархија, кој продолжува 12ч. за брзина x4/6ч. за брзина x10, а може да биде намален со бонус од ниво "Човек на законот"
- Можете да изберете Неутрално управување во кое империјата нема да биде под влијание на модификатори
- Управувањата се отклучуваат со Централизација 1 и се видливи во Рангирањето

Управување: Варваризам  

Управувањето Варваризам се карактеризира со следните ефекти:

Позитивни ефекти:

10% побрзи и поевтини воени истражувања
50% поголем прираст на населението
20% пониско издржување на војската
50% поголем капацитет на носивост на војската
25% побрза обука на единици
Без загуби на задоволство за регрутирање
50% повеќе ресурси од варварски ковчези
50% помали загуби на чест
Злато од грабежи и снабдувачка пратка x4
20% побрзо патување на војската

Негативни ефекти:

10% побавни и поскапи економски истражувања
-5 нивоа Шпионажа
30% помал капацитет на куќите
Без злато од вазали

Управување: Империјализам  

Управувањето Империјализам се карактеризира со следните ефекти:

Позитивни ефекти:

15% побрзи и поевтини економски градби
15% поголем капацитет на куќите
75% поевтино основање на колонии
Злато од вазали и приход од трговија x8
Без загуби на задоволство од оддалечени поседи
200% поголем капацитет на пазарот
10% поголема ефикасност на колониите
100% поголем капацитет на транспортната станица
100 империјални милји бонус логистика
100% поголем ефект на сите специјални ресурси без лак, јаглен, потковица и гранит и дијаманти.

Негативни ефекти:

15% побавни и поскапи воени градби
20% поголемо издржување на војската
-5 нивоа Контрашпионажа
20% пониска ефективност на провинциите

Управување: Монархија  

Управувањето Монархија се карактеризира со следните ефекти:

Позитивни ефекти:

20% побрзи и поевтини воени градби
20 повеќе поени морал во напад
5 нивоа Шпионажа
150% поголем ефект на гувернерските таленти и вештини
100% повеќе генералско искуство
Дополнителен 1 вроден талент (макс. 4)
Насилното припојување не ги намалува нивоата на градбите
Капацитет на воените станици x10
3 поени раст при удар по независен град
10% помалку издржување на војската

Негативни ефекти:

10% побавни и поскапи економски градби
5% помал капацитет на фармите
10% помалку заштитени ресурси
-5 помалку поени морал во одбрана

Управување: Неутрално  

Неутралното управување нема ниту позитивни, ниту негативни ефекти на развојот на империјата.

Управување: Феудализам  

Управувањето Феудализам се карактеризира со следните ефекти:

Позитивни ефекти:

10% побрзи и поевтини економски истражувања
10 нивоа Контрашпионажа
15% поголем капацитет на фармите
50% поевтино припојување
100% поголем капацитет на гарнизоните
Бесплатна поправка на тврдини во провинциите
50% повеќе заштитени ресурси
50% поголем ефект на тврдините врз производството во провинциите
10% повеќе животни поени на тврдините
100% повеќе гувернерско искуство

Негативни ефекти:

10% поголемо издржување на војската
10% побавни и поскапи воени истражувања
20% побавно патување на војската
100% поскапо основање на колонии

Утврдувања на поле  

Градба од сојузниот замок. Секое ниво ѝ доделува +5% животни поени на одбранбената војска на поле.

Утврдување  

Истражување кое влијае на Тврдините. Ѕидовите на Тврдината ги прави поиздржливи на непријателски опсади. Секое ниво ги зголемува животните поени на Тврдината за 10%.